Убиен 11 месечниот син на дописникот на Би-Би-Си од Газа


Фотографијата која го обиколи светот зборува трагична приказна за израелските воздушни напади врз Појасот Газа.

На фотографијата е Јихад Мишрави, дописник на Би-Би-Си од Газа како плаче над мртвото тело на својот 11-месечен син Омар.

Омар загина кога бомба го погоди нивниот дом во Газа. Освен Омар, загина и сестрата на неговата сопруга.

Уредникот на Би-Би-Си Џон Вилијамс испрати извештај до своите колеги за смртта на малиот Омар.

„Ова е особено тежок период за дописништвото во Газа. Имаме среќа што тој тим работи за нас.

Овие случувања се потсетник за сите предизвици со кои многу наши колеги се соочуваат секојдневно“, се вели во соопштението.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1