И покрај тоа што се зборуваше низ јавноста дека Градскиот Трговски Центар ќе биде надграден во барокно ниво, како и неговата околина во центарот на Скопје, порталот Фактор дознава дека новата фасада на ГТЦ нема да биде во барокен, туку во футуристички стил, бидејќи стигнало само едно идејно решение за фасадата.
Авторите на делото и самото идејно решение се’ уште не се познати, но се предвидува целиот објект на најголемиот македонски трговски центар да биде застаклен, со челична конструкција, како што е принципот на „мол центрите“, но во духот на ГТЦ, некои делови ќе останат отворени.
Веќе неколку години се провлекува и проектот за трет спрат на ГТЦ, каде што со доградбата би требало да се најдат повеќе деловни, отколку комерцијални содржини.