Наместо да купуваат турски, нека даваат пари за снимање македонски серии


Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски во интервју за „Прес 24“ вели за две години половина од телевизиската програма ќе биде од домашно производство.

– Со финансиските средства што се издвојуваат за странските серии, кога ќе се земат предвид големиот број со кој што се присутни, сигурен сум дека ќе може да се направат повеќе квалитетни серии со што телевизиите ќе можат да го привлечат вниманието на нивните гледачи.

Ако сме докажале во филмската продукција дека Македонија има капацитет да направи филмови со светски стандарди со македонски актери, ќе можеме да го потврдиме и истото за домашни серии – вели министерот Ивановски во интервјуто.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1