Георгиевски се закани: Знам пикантерии за врвот на ВМРО-ДПМНЕ


За луѓето од ВМРО-ДПМНЕ знам многу лични работи и многу пикантерии, меѓутоа не сакам и не е тоа мој стил, освен ако директно не бидам нападнат и тогаш ќе мора да вратам, вели во интервју за Слободна Европа, Љупчо Георгиевски

Георгиевски потсети како му вратил на Бошкоски за да покаже дека е сериозен. ,,Кога се обиде да ме нападне,  враќањето мислам му беше многу непријатно,, вели Георгиевски. Не одговори конкретно дали има пикантерии и за Никола Груевски, но додаде дека ВМРО ДПМНЕ го гледа како свој личен пораз.

На прашањето дали мисли оти опозициската коалиција, на која сега и припаѓа и неговата партија, може да го реши спорот за името, тој одговара:

„ Во оваа коалиција по прашањето за спорот за името има различни ставови, има потврди ставови, има помеки ставови. Позицијата на ВМРО-Народна партија е најотворена, најлиберална. Таа е многу јасна, дваесет години се занимаваме со оваа работа, Македонија не може да си дозволи уште 20 или уште 40 години да се влече во оваа состојба и за мене ситуацијата е јасна. Манипулацијата со името значи нешто рејтинг повеќе, уште еден изборен циклус, меѓутоа ја водите Македонија на патот на катастрофата“, вели Георгиевски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1