Алергија на накит од никел


 

Алергијата е невообичаена реакција на имунолошкиот систем на супстанци кои често пати се сметаат за безопасни. Еден од видовите на алергија е токму кожната алергија. Ако човечката кожа се воспали при контакт контакт со материјална површина, тогаш тоа се нарекува алергиски контактен дерматитис.

Алергијата на никел е една од доминантните причини за алергиски контактен дерматитис, а накитот изработен од никел е главниот виновник за алергиските реакции.

Накит од никел

Никелот е сребрен, метален, хемиски елемент, се наоѓа и во одредени видови на храна. Никелот често се користи во индустријата за накит, комбиниран со други меки метали, како што се златото и среброто, за да се зголеми трајноста на накитот. Освен ако накитот не е направен од чист метал, како што е 24 каратното злато, или доколку е наведено дека накитот е 100% ослободен од никел, накитот со голема веројатност ќе го содржи овој елемент. Овде се вклучуваат прстените, ѓерданите, часовниците, белегзиите, обетките и привезоците.

Реакција на кожата

Кога лицето носи парче накит кое содржи никел, кожата на местото на допирот на металот и кожата почнува да се поти. Како резултат на ова, никелот формира соли. Ако лицето има алергиска кожна реакција на солите од никел, тогаш најверојатно се работи за алергија на никел. До ден денес, научниците суште не ја утврдиле главната причина за овој тип на алергија. Меѓутоа, тие сметаат дека сензитивноста на човекот на никелот може да има генетска основа.

Симптоми

Луѓето кои имаат алергија на никел, генерално почнуваат да ги чувствуваат симптомите во рок од 48 часа од изложеноста. Симптомите вклучуваат сушење на кожата на местото на контактот, црвенило на кожата, плускавци, чешање и друго. Освен на контактното место, овие симптоми може да се јават и на другите делови од телото.

Лекување

Симптомите на алергијата на никел може да се третираат со антихистаминици, вклучувајќи го цетиризин и фексофенадин и кортикостероиди, како што се клобетазол и преднизон. Лосиони и влажни компреси исто така, може да се користат во ублажување на чешањето. Сепак, експертите предупредуваат дека некои креми може да содржат состојки кои може да предизвикаат алергиска реакција. Алергијата на никел може да трае и до еден месец.

Извор – За Здравје

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1