Остар пораст на трошоците на задолжување на финансиските пазари предвидува агенцијата “Мудис“ која го намали кредитниот рејтинг на Италија од А“ на Баа2, две нивоа над статусот “безвредно“.
Агенцијата го намалила и максималниот рејтинг кој може да се додели на домашните издавачи на обврзници во Италија, и тоа од досегашните Ааа на А2.
“Мудис“ истакнува дека италијанските краткорочни економски изгледи се “влошиле“ и дека пристапот до кредитните пазари би можел да биде значително отежнат.
Ваквите изгледи се се пореални имајќи го предвид “ризикот од грчкиот излез од евро зоната кој порасна во последниов период, шпанскиот банкарски систем да доживее поголеми кредитни загуби од очекуваните, а предизвиците на шпанското самофинансирање се многу поголеми од претходно.
Неисполнувањето на финансиските цели би можело да ја ослаби довербата на пазарите, дополнително зголемувајќи го ризикот од зголемениот застој во финансирање на пазарите“.
Ваквата одлуката агенцијата да носи во исклучително лошо време за Италија, бидејќи денеска италијанската влада планира да излезе на финансиските пазари каде треба да добие околу 5,25 милијарди евра на аукција на средни и долгорочни државни обврзници.