Ја ископале бабата од гроб и ја однеле во непознат правец



Посмртните останки на жената која починала во средината на април на 79 години од својот живот биле откопани од врњачките гробишта ноќта, понеделник према вторник и биле однесени во непознат правец.

Сандакот со останките во текот на ноќта го откопале роднини кои повеќе од еден месец инсистирале претпријатието кое ги одржува гробиштата да им даде дозвола да ја преместат покојната. Дека гробот е осквернавен забележале вработените кои дошле во близина на гробот каде требале да подготвуваат нов погреб.

– Во најмала рака од непријатниот мирис кој се ширеше наоколу не можеше да се работи. Еден од колегите забележа дека на еден од гробовите недостига крстот и дека земјата е прекопувана бидејќи горниот слој беше воден. Случајот веднаш го пријавивме кај раководството, изјави еден од вработените.

На местото покрај делови од крст и куп од натрупана земја немало ништо друго, ни цвеќе ни траги од запалена свеќа

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1