Зимата е на прагот, а на Попова Шапка веќе паднаа неколку сантиметри снег. Ски-лифтовите се ставени во функција, се чека уште малку снег за да почнат зимските уживања на Попова Шапка.
Во функција е ставен и најголемиот ски-лифт Цери Пашина.
Годинава новитет е тоа што за прв пат ќе има и ноќно скијање во периодот од 19 до 22 часот на патеката Тетекс.