Малку жени полицајки во Македонија


Македонките не се многу заинтересирани за позорникарска работа во полицијата иако по втор пат во историјата на МВР на нејзино чело е жена.

Тоа се потврдува со процентот од минимални 2 до 15 отсто жени од вкупниот број на вработени во униформираната и криминалистичка полиција, пишува Вечер.

– Половата структура на МВР покажува дека четвртина од вработените се жени, меѓутоа, во поткатегориите на овластени службени лица, полициски и државни службеници и административен персонал постојат значителни разлики. Жените доминираат во делот на административните работи, изјави Јанкулоска

Полицајките најчесто работат со малолетна популација, со жени, со повратници, со жртви, како и во делот на меѓународната полициска соработка, превенцијата, заштитата на сведоци и слично, појасни Јанкулоска.

И во Европа е исто. Жените постигнуваат импресивни резултати на полициските академии во регионот, многу малку од нив се на повисоките раководни нивоа во полициските служби

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1