Однесувањето на партиските војничиња – ЖИВА БРУКА !!!!


Ви пренесуваме писмо од новинарката Светлана Антиќ Јовчевска и нејзината непријатна средба со еден од младите надежни партиски војничиња.

,,Порастоше пилци – по……..,, имаше една стара поговорка за време на Југославија. Ама во тоа време се почитуваа и постарите, а богами и хиерархијата.

Денес во Македонија се се измести. Но најмногу боли кога некое партиско војниче кое се што направил во животот е што ревносно лепел плакати, па добил позиција да се однесува кон луѓето како да е ,,Бог,,

Примери има многу – незнаеме ни дали се вредни за споменување. Ги има од сите партии без исклучок !!!!

Овде ви пренесуваме писмо од новинарката Светлана Антиќ Јовчевска и нејзината непријатна средба со еден од младите надежни партиски војничиња. Ви го пренесуваме во целост. Светлана изреволтирана од настанот истиот овој пост го објавила и на ѕидот на својот фејсбук. Настанот се случил не на друго место туку во општинската зграда на Kуманово – зградата на граѓаните, земаат плата од граѓаните, таму се за граѓаните.

,, Три дена се мислам дали ова да го споделам со вас. Сепак одлучив да ви раскажам што им се случи на новинарите од Куманово додека пред влезот на зградата во општината чекаа да започне закажана прес конференција.

И покрај љубезноста на портирот кој за да не чекаме надвор на жешкото време не покани да влеземе, ние останавме пред самиот влез меѓу надворешната врата и ходникот ( каде обично чекаат странките).

Наеднаш се појави едно младо момче кое кога не виде го праша портирот што се случува. Тој му одговори дека новинарите чекаат за прес конференција на ВМРО ДПМНЕ. Момчето дрско викна – што има вмровци во општина да држат прес!!!!  ИЗБРКАЈ ГИ НОВИНАРИТЕ ОД ТУКА, НАДВОР !!!!! и тоа со остар, заканувачки тон речиси му нареди на портирот кој занеме и ништо не му одговори. Ние сето тоа го слушнавме и зачудени се прашувавме кој е тој млад човек – што ли функција има чим е толку силен??

Нормално си прашавме и портпаролката на градоначалникот ни рече дека тоа е ,,симпатично, младо момче кое работи во даночното одделение околу половина година,,

Таквиот некултурен однос првенствено кон луѓе ( можевме да бидеме и граѓани кој чекаат да бидат примени) кои тој ниту ги познава, ниту пак тие го познаваат него) ме натера да се распрашам малку – новинарски нели.

Се распрашав и разбрав дека тој ,,симпатичен,, дечко се вика М.Т има 24 години, дипломирал на ФОН, секретар бил на младите на СДСМ и по долго ангажирање во партијата се вработил во даночното одделение. А за неговото ,,фино,, однесување имало и други бисери. Низ зградата се зборува дека кон сите се однесува дрско и арогантно дури и кон повозрасните колеги и колешки. Епа му личи на годините!

Колку за споредба – партиски млади и оние другите
Денеска пак ме воодушеви еден 24 годишник кој службено се појави на мојата врата, многу културно се престави кој е и зошто е дојден, а беше многу културен и низ целиот разговор со мене. Тоа момче се вика Н.С и работи во Телеком, НЕ Е ЧЛЕН НА НИТУ ЕДНА ПАРТИЈА (се си го прашав)

Епа сега кој како сака нека сфати и нека си извлече поента …. ,,

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1