По долго боледување, во 82-та година од животот, денеска во Скопје почина познатата македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова, соопшти Друштвото на писателите на Македонија.
Посмртните останки на Мисиркова – Руменова ќе бидат во капелата од 10:30 до 11:30 часот на гробиштата Бутел, Скопје,
Ката Мисиркова – Руменова е автор на повеќе од 40 дела, меѓу кои: романите – „Жешка земја“, „Големите атови“, „Пранги“, „Длабокиот рез“, „Милосија“; книгите раскази: „Мајка Которичанка“, „Записи за Пела“, „Илинденски раскази“ и стихозбирките – „Скаменета солза“, „Плач пред ѕидот“ и „Белегзија“.