РЕНТ – А – ВИП: Изнајмете си естрадна ѕвезда со 90 отсто попуст


Купете одма: За само 199 евра наместо 1990 евра за млада и талентирана глумица, фолк ѕвезда во развој, искусна поп пејачка, ТВ водителка.

Најновата понуда само во агенцијата „Рент-а-ВИП“.

– Нашите ѕвезди се здрави, со лекарско уверение, вакцинирани против сите болести. До сега имаат по најмалку три насловни страни, пет дуплерки, по два нови проекти и еден недоговорен папарацо. Едната од нив се уште е во брак, друга пресно разведена, третата има модерни тетоважи, а четвртата е впечатлива и на Твитер и има огромен фан клуб на Фејсбук. Петтата е блескава водителка, а веридба прави и по два пати годишно. Тие се редовни посетителки на естрадните случувања, премиери, промоции, ВИП журки.

Бидете брзи и уплатете си на време!

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1