Италијанската полиција уапсила калуѓерка од црквеното училиште во Буста Арсиција. Според обвинението таа 14 години сексуално вознемирувала и силувала девојка која била ученичка во црковното училиште.
Истрагата за 26-годишна девојка која се самоубила открил горозоморна вистина која ја потресе италијанската јавност. Полицијата истражувајќи ги мотивите за самоубиството на млада девојка дошла до дневници на девојката, фотографии и други документи. Во нив девојката се бележела уредно.
По истражувањето на овие документи се дошло до сознание дека девојчето за прв пат била силувана кога имала само 12 години и тоа од страна на една калуѓерка.
Злосторот почнал кога девојката имала само 12 години и тоа траело до 2011, кога се самоубила на 26 годишна возраст.
Во дневниците било опишано страшното психичко и физичко насилство, а биле пронајдени и неколку фотографии од чинот.
Калуѓерката не заврши во затвор, туку во црквен санаторум.