Експертите од познатата фирма “Кедбери“ во Британија успеале да направат чоколада отпорна на топлина. Ја тестирале во инкубатор на 40 степени – и по 3 часа чоколадата останала непроменета.
“Ова откритие е многу важно оти овозможува подобра продажба на чоколадата во најразвиените земји во кои често нема адекватни уреди за чување на оваа намирница чувствителна на промена на температурата“, изјавиле од компанијата.
Топењето беше и една од основните проблеми за транспорт на чоколадата во подалечните земји. Со оглед на фактот што откако еднаш ќе се стопи па повторно замрзне чоколадото добива белузлава боја како да е старо. Со ова откритие се надеваат дека е крај на овој проблем. Исто така се надеваат дека ќе се зголеми и барањето за чоколадни десерти и торти за секакви прилики во летниот период кои досега се избегнуваа бидејќи чоколадото знаеше да се разлее.