По најавата на Црвенковски дека е можно Бучковски да биде исклучен од партијата, екслидерот возврати – Црвенковски добива погрешни информации и донесува погрешни заклучоци, пишува Дневник.
Црвенковски во емисијата во Центар изјави дека Бучковски е неговата најголема грешка и доколку не престане со провокации ќе го исклучи од партијата.
„Погрешив, но не обвинувам никого. Од тој момент почна раслојувањето. Првпат се формираа партии кои произлегоа од СДСМ, почнаа кавгите и расправиите. Најлесно е да кажам дека е тоа одговорност на оние кои во тоа време раководеле со партијата, но не можам да се ослободам од одговорност и од грижата на совест, што дозволив таквите да дојдат на чело на партијата“, рече Црвенковски
Црвенковски: Бучковски ми е најголемата грешка – ќе го исклучам од СДСМ