До среда сонце – од четврток дожд – неделна прогноза


Во Македонија во утринските часови ке има појава на густа магла и ниска облачност која понекаде ке се задржи и претпладне, а попладне ке биде претежно сончево со локална облачност.

Слаб ветар, а во западните предели ке дува југозападен ветар. Утринските температури ке се движат од -2°C до 7°C, а максималните дневни ке достигнат до 10°C односно до 17°C.

Во Скопје во утринските часови ке има појава на магла и ниска облачност која ке се задржи и претпладне, а во попладневните часови ке биде претежно сончево со локална облачност. Слаб ветар. Утринската температура до 3°C, а максималната дневна ке достигне до 14°C.

Во вторник по магловитото и студено утро, во текот на денот ке биде претежно сончево со локална облачност. Во текот на ноќта наоблачување. Ке дува слаб југоисточен ветар, а во западните предели ке дува засилен југоисточен ветар. Утринските температури ке се движат од -2°C до 7°C, а максималните дневни ке достигнат до 9°C односно до 16°C.

Во среда во Македонија ке биде претежно облачно и ветровито. Локални врнежи се очекуваат во северозападните предели. Ке дува засилен јужен и југоисточен ветар кој ке достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури ке бидат во пораст и ке се движат од 2°C до 11°C, а максималните дневни температури ке се движат од 10°C до 16°C.

Во четврток ке биде облачно со поинтензивни врнежи од дожд и ветровито. Ке дува засилен јужен и југоисточен ветар, а во западните предели ке дува југозападен ветар. Ветерот ке достигне брзина до 35 км/ч. Утринските температури од 4°C до 13°C, а максималните дневни температури ке се движат од 9°C до 15°C.

Во петок во утринските часови врнежите ке престануваат па во текот на денот ке преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и ветровито. Ке дува засилен југоисточен ветар, а во западните предели ке дува засилен југозападен ветар. Утринските температури ке се движат од 2°C до 11°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 9°C односно до 15°C.

Во Македонија во сабота ке биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито но со послаб интензитет од претходните денови. Ке дува југоисточен ветар а во западните предели ке дува јужен и југозападен . Утринските температури од 1°C до 9°C, а максималните дневни температури ке се движат од 10°C до 16°C.

Во недела ке биде умерено облачно и нестабилно со можност за локални врнежи од дожд    и ветровито. Ке дува засилен јужен и југоисточен ветар, а во западните предели ке дува засилен југозападен ветар. Утринските температури ке се движат од 2°C до 10°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 8°C односно до 14°C.

weather4all.com

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1