Во рок од една недела дваесетгодишниот англиски студент Енди, пет пати посетил лекар во три различни болници, но сите го враќале дома тврдејќи дека е под стрес.
Лекарите му препишале антидепресивни таблети.
По последниот преглед, Енди се вратил дома и веднаш штом стигнал се онесвестил по што умрел. Причината за неговата смрт и понатаму не е позната, а неговиот татко Петар се уште е во шок, не можејќи да верува што се случило.
„Мојот син умре, а докторите имаа доволно можност да откријат што не е во ред со него. Наместо тоа тие постојано му велеле дека е под стрес и дека треба да се одмори. Пред ова да ни се случи, мојата фамилија речиси да немаше никаков контакт со болниците, затоа што сите бевме здрави.
За жал сега е касно за каква било истрага, но и понатаму останува болката за тоа дека лекарите погрешно ги процениле симптомите на мојот син и дека никој не се грижел за тоа“, изјавил таткото на починатото момче.