Хрватите тврдат дека Кирилицата е нивна – Србите се лутат


 

На научната конференција „Хрватската кирилица е наше наследство“ која се одржала во Хрватската академија на науките и уметностите, била претставена старата хрватска идеа јтврди српскиот лингвист Милош Ковачвиќ.


„Хрватите веруваат дека се започнува од нив, и не би смееле да се одречат од почетокот на писменоста со што сакаат да покажат дека нивното писмо е историско и дека кирилицата почнува од нив, а дека подоцна ја превземале Србите“, изјавил Ковачевиќ.
Тој додаде дека досега од српската научна јавност немало никаква реакција, но не верува дека и ќе има.
На меѓународната научна конференција каде што биле одбележени 500 години од печатењето на книгата „Дубровничката кирилична молитва“ учествувале 25 експерти од Хрватска и БиХ.
Претседателот на академијата Звонко Кусиќ изјавил дека хрватското кирилично наследство „свесно или потсвесно“ било потиснато, а академикот Стивен Дамјановиќ истакнал дека во периодот од 11 до 18 век голем дел од жителите на хрватската териотирја ги изразувале своите културни потреби преку кирилицата, но притоа не објасниле дали и Србите биле наведени во склоп на тоа население.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1