Прва џамија за хомосексуалци ќе се отвора во Париз


 

Лудовик Мохамед Захед експерт за Куранот и геј муслиман при крајот на месецот планира да ја отвори првата џамија во Париз наменета за хомосексуалци. Ваквото место ќе било еден вид на засолниште и место за богослужба, вели тој.
„Треба да имаме безбеден простор за луѓето кои не се чуствуваат удобно и комотно во нормални џамии“ изјавл Захед за ABC news.
„Постојат луѓе кои се плашат од агресија, жени кои не сакаат да носат шамија или пак да седат во задниот дел од џамијата. Овој проект влева надеж кај голем број на верници во мојата заедница“, заклучува Захед.
На почетокот ќе работат во будистички храм во населба во источен Париз, а ќе бидат прифатени како што вели Захед, сите луѓе кои што се подеднакво создадени од Бога.
„Се надевам дека хетеросексуалците ќе се молат заедно со хомосексуалците“, изјавил Захед, кој засега одбива да ја соопшти точната локација на храмот, поради загриженоста за безбедноста.
Во џамијата ќе се почитуваат одредени исламски традиции, како петочните молитви и муслиманските брачни договори, како и традиционалните погребни ритуали (Јanazah), кои шеријатскиот закон не ги дозволувал, поради сексуалната ориентација.
„Тековната исламска етика сигурно би ја осудила сексуалната ориентација, но всушност нема ништо што во исламот, или Куранот, не го забранува или дозволува. Захед тврди дека хомосексуалната стана кривично дело, само поради европската колонизација.
Иако Захед вели дека ова е прва џамија за хомосексуалци, се верува дека низ САД, Канада и Јужна Африка веќе постојат неколку вакви. Се претпоставува со бројка од 21 џамија.
Захед бил инсипиран од работата на муслиманите за прогресивни вредности во Северна Америка, кои практикуваат заедничка молитва и вели дека во иднина ќе имаат заемна соработка. Токму со разговорите со нив, тој дошол до ваквата идеја. Захед верува дека доколку пророкот Мухамед денеска бил жив, ќе се оженел со геј девојка. Тој и самиот бил хомосексуалец кој се венчал со партнер во муслиманска церемонија во Франција. Тој е алжирски докторант кој ја пишува својата теза за исламот и хомосексуалноста.
Во меѓувреме постојат голем број на контроверзии во Франција во врска со браковите од ист пол и исламските влијанија и практики. Пред десетина дена, десетици илјади демонстранти излегоа на улиците против планот на владата за легализирање на браковите од ист пол, додека пред неколку недели, десното крило на демонтранти, упаднаа во недоизградената џамија, за да го покажат своето несогласување со големата заедница муслимански имигранти во Франција.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1