Преку чипови ќе се идентификуваат гладните во Америка


 

Во Америка веќе сериозно се размислува да се воведе биометриска идентификација за сите лица кои ќе сакаат да имаат корист од таканареченте „Food and Nutrition Services“ (прехранбрени услуги и сервиси), со цел повеќе да не се злоупотребува досегашниот начин на искористување на ваквиот вид на социјална помош.

За што всушност станува збор. Не толку голем дел од американската популација, се наоѓа под маргините на сиромаштија, по што имаат потешкотии како да се прехранат себеси и нивното семејство. Поради тоа државата им дава посебни бенефиции, бонови со кои можат да пазарат во одредени продавници и трговски центри. Сепак ваквата помош знае да биде злоупотребена и од лица кои што не потпаѓаат во категоријата на сиромашни, па оттука се оди еден чекор понапред, за да се избегнат сите типови на малверзациите.
USDA размислува за RFID чип кој што се вметнува во раката на лицето кое што би можело да ја искористи ваквата помош. Oва би можело да биде идеална опција за секој оној кој што не сака да гладува.
Биометриската идентификациска технологија е всушност автоматизиран метод за да се идентификува лицето врз основа на физичките карактеристики, како што се отпечатоците од прстите, раката, карактеристиките на очите, лицето како и одредени карактеристики како што се потписот, гласот и др.

Државите планираат да ја спроведат биометриската идентификација како одговор на широк спектар на фактори и размислувања карактеристични за секоја држава и животна средина. Биометриската идентификација моментално е во функција на одредено ниво во Аризона, Калифорнија, Конектикат, Илионис, Масачусетс, Њу Џерси, Њујорк и Тексас. Во некои земји како Флорида, Мериленд, Мичиген, Мисисипи, Пенсилванија и Јужна Каролина, моментално е во првичната фаза на планирање. Секоја држава на посебен начин планира да ја воведе оваа новина.

Сепак истражувањата кои биле направени, повлекуваат и одредени одвраќања за ваквата идеја. Имено некои од клиентите би можеле самите да си ги ускратат ваквите бенефиции поради стравот од идентификација преку прстот. Дел од интервјуираните се заплашени и изразиле загриженост за целиот ваков процес, сметајќи дека во него има некаква позадина. Засега не се знае точната сума и се што се прикажува во јавноста се претпоставки за одредени бројки за тоа колку би чинел целиот ваков проект и вградување на софтвер кој би ги препознал сите оние граѓани кои што реално имаат проблем и потешкотии, за да дојдат до храна која им е потребна за да преживеат.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1