Jennifer Foster шетала по Times Square во Њујорк со својот сопруг кога видела како полицаец му облекува чизми на бездомник. Трогната од сликата одлучила да фотографира, а сликата со брзина на светлината се прошири низ интернет.
,, човекот беше смрзнат и исплашен, полицаецот му пријде и му рече, еве чизми број 12 за тебе, ќе те стоплат, еве и чорапи,, а потоа самиот му помогна да ги облече,, раскажува Џенифер. Полицаецот не бил свесен дека го фотографирале, но откако фотографијата стана хит се дозна неговиот идентите,
Полицаецот е 25 годишниот Lawrence DePrimo, 25, од Long Island. Полицаец е од 2010 и се уште живее со своите родители.
,, беше премногу ладно и го видов човекот, имаше и пликови на нозете и му беа модри,, има раскажал полицаецот на новинарите. Тој тогаш отишол во продавница и купил чизми и чорапи за бездомникот кои ги платил 75 долари.
,, неможев да не сторам нешто. Многу беше ладно. Јас имав два пара чорапи и чизми на себе па пак смрзнав, можев само да замислам како му е на тој кутар човек,, рекол полицаецот.
Фотографијата на Facebook има над 347,000 лајкови и споделена е 94,000 пати.