Мајка 2 год лажела за полот на бебето – дури ни мажот не знаел дека нема син туку ќерка (Фото)


Девојче од Бразил е сместено во фамилија згрижувачи откако социјалните служби откриле дека нејзината мајка 2 години ја одгледувала како да е машко.

Дека бебето е девојче а не машко не знаел ниту таткото, а измамата ја открила тетката на девојчето и веднаш пријавила.


Мајката дури и дала и машко име Самуел, и го избришала полот од крштеницата и допишала дека детето е машко. Дури и во општината на градот Сенадор Канедо, детето е пријавено како машко.

Цели две години мајката го облекувала девојчето во машка облека, ја шишала кратко и успеала да ја убеди цела фамилија дури и таткото на детето дека детето е машко.
,, никој не се посомнева дека имаме внук. Ниту во еден момент, незнам како ова можеше да се случи,, изјавила за Daily Mail бабата на детето.
Мајката била приведена и во полицијата изјавила дека таа како мало девојче била злоупотребувана и затоа тврдела дека детето е машко надевајќи се дека ако мислат дека е машко нема да биде злоупотребена.
Освен мајката ќе одговараат и официјалните лица во општината кои завеле погрешно а не провериле со болницата дали се совпаѓаат документите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1