ДНК потврда: Најдените коски се од Антонија – конечно ќе почива во мир


По долготрајната агонија, стигна службена потврда за коските откриени во Модриш во близина на Јосипдол. Истите припаѓаат на младата Антонија Билиќ. 

Земените анаизи од градната коска, забите и косата, го утврдиле идентитетот, истакна првиот човек на Заводот за судска медицина Давор Стриновиќ.
Со ова се преќина агонијата која трае од 7 јуни минатата година, од кога семејството на Антонија исчекуваше да дознае што се случило со нејзината ќерка. Сега ја изгубија и последната надеж дека Антонија ќе им се врати.


Министерот за внатрешни работи Ранко Остојиќ, истакна дека полицијата ќе провери дали имало каков било пропуст во потрагата за Антонија.

Ќе се проверуваат делата на сите оние кои што учестувале во пребарувањето, за да се утврди дали биле превземени сите законски чекори во нејзиното пронаоѓање или нешто било испуштено.

Го пронајде ли Хрватска телото на исчезнатата Антонија? – најдени коски, новинарите не смеат близу

40 год затвор за Паравиња – телото на 17 год Антонија сеуште го нема (Видео/Фото)

 

 

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1