40 год затвор за Паравиња – телото на 17 год Антонија сеуште го нема (Видео/Фото)


Драган Паравиња е осуден на 40 години затвор за киднапирање и убиство на 17-годишната Антонија Билиќ, одлучи денеска Жупанискиот суд во Шибеник.

За време на изрекувањето на пресудата Паравиња гласно негодувал. за убиството на Антонија доби 35 години, и шест години за киднапирањето.

Младата тинејџерка Антонија Билиќ последен пат беше видена на 7 јуни 2011 година, од кога и се губи секоја трага.

Антонија околу 8.00 часот, излегла од дома, во селото Кричка кај Дрниш, Хрватска, и се упатила кон Чиколскиот мост и стопирала кон Сплит.

Околу 10 часот е видена како влегува во камион. Сигналот од мобилниот телефон на исчезнатата девојка е забележан  последен пат на денот на исчезнувањето околу 15.40 часот кај Карловац.

Телото никогаш не е пронајдено, иако во потрагата учествуваа илјади полицајци и граѓани, а беа исушени и неколку мали езерца.

Нејзиното семејство очекуваше  Паравиња да открие детали од убиството, како и местото каде се наоѓа нејзиното тело, но тоа не се случи.

Тие дури ветија и дека ќе му простат само да им каже каде е за достојно да ја погребаат, но паравиња не изусти ниту збор.

Паравиња е познат за вакви дела. Во БиХ е осуден на две години и 10 месеци за силување девојка во Јахорина, а за силување го бара и Србија.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1