500 кг бомба во Дунав – евакуирани 8.000 луѓе во Будимпешта


Унгарските власти почнаа евакуација на околу осум илјади лица од северниот дел на Будимпешта, откако беше пронајдена бомба од Втората светска војна на околниот железнички мост, тешка 500 килограми.

Полицијата ги проверува сите куќи во пречник од еден километар, станбените комплекси и околниот трговски центар, јави Миа.
Жителите на тој дел од градот се замолени да заминат кај свои роднини или пријатели или да се сместат во околниот центар за дневен престој, додека неподвижните лица ќе бидат префрлени со возила на брзата помош.
Се очекува експертите за експлозиви бомбата треба да ја демонтираат попладне. Сите жители во радиус од еден километар мора да се оддалечат, а сообраќајот низ реката е забранет до 17 часот по средноевропско време.

Многу бомби од време на Втората светска војна воопшто не експлодирале и тие се уште не се целосно отстранети.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1