Фидел Кастро умира? (пак) – тврдат дека доживеал мозочен удар и е критично


Fidel Castro доживеал голем мозочен удар и е во многу критична состојба. Според ТМЗ и светските медиуми 86 годишниот поранешен лидеr на Куба едвај јадел, зборувал и не препознавал луѓе.

Веста прв ја објави El Nuevo Herald, кој се повикал на лекарот Jose Marquina кој единствен има дозвола да зборува за состојбата на Кастро.

Тој изјавил дека Кастро може да биде во таа состојба со недели, но едно е сигурно нема веќе никогаш да го видиме во јавност.

Последен пат Кастро е виден во јавност е во март кога папата Бенедикт ја посети Куба.

Ова не е прв пат медиумите да јавуваат дека Кастро е на работ на смртта, но секогаш ги демантирал кога по недели информирање и очекување на неговата смрт тој се појавувал во јавност.

Сепак не е тајна дека неговта здраствена состојба веќе некое време е влошена.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1