Бидејќи Собранието доцни со исплата на парите за покривање на патните трошоци, пратениците точат гориво на бензинските пумпи на почек, пишува Вест.
Буџетот на Собранието нема доволно средства, бидејќи расте бројот на пленарните седници. Најголем проблем имаат пратениците кои не се од Скопје и кои секојдневно патуваат.
Проблемот за Вест го признал и спикерот Трајко Вељановски, кој рекол дека собранискиот буџет не е скроен според реалните потреби на Собранието.
Вест пишува дека многу пратеници кои живеат во оддалачените градови, дури три четвртини од платите трошат за гориво па имаат проблем да го преживеат месецот