5 Причини зошто да бидете исплашени од компјутерите кои денес можат да читаат лица


Можноста на компјутерите да препознаваат лица денес е толку честа што дури и вашиот Xbox Kinect може да го стори истото, да ве логира во моментот кога ќе застанете пред него. Изгледа како прилично безопасен пронајдок – ако ништо друго, ќе ви зачува неколку секунди кога вашата идна куќа ќе препознае дека вие сте на вратата, или некој крадец. Но оваа технологија се движи во серија од екстремно морничави насоки.

#5. Вашиот шеф (или било кој друг) може константно да го следи вашето расположение

Ако некогаш сте работеле во сервис за услуги, знаете дека се очекува од вас да се смеете, дури и кога не ви е до смеење. Но тоа е во ред, можете да се преправате, нели? Не повеќе! Благодарение на надоградените компјутери и нивната можност да читаат лица, постои софтвер кој може да препознае дали насмевката е искрена или не. Ова е веќе употребено – во Јапонија.

Ова е помошно средство и кога станува збор за состаноци. Ако сакате да знаете дали вашиот партнер уживал во состанокот, можете да закачите фотографија на GladorSad.com каде ќе биде анализирано лицето на вашиот партнер и ќе знаете дали потајно се надевал дека метеор ќе го сруши ресторанот или не.

Секако, компании како Микрософт веќе работат на начини за употреба на оваа технологија за да ви продадат нешта, како на пример новата генерација на Kintec камери кои ги поставувате низ вашиот дом за да го детектираат вашето расположение.

 

#4. Софтвер кој гледа дали обрнувате внимание

Покрај компјутерите кои го одредуваат вашето распоможение, сега има решение и за оние кои работат на биро. На шефовите потребни им се роботи кои ќе ѕиркаат преку рамената на вработените за да се осигураат дека се 100% посветени на својата работа, цело време, секој ден. Епа конечно ги добија!

А сега се вградуваат и камери во возилата кои можат да препознаат дали трепкате премногу или гледате во друга насока наместо напред, во спротивно се уклучува аларм кој ве известува дека треба да се сконцентрирате. И тоа е добро, затоа што знаете дека оној кој вози во ваша насока нема да заспие на сред возење.

Но тоа не запира тука. Истата техника ќе се користи во училниците, па ако сте ученик, нема да ви се случува умот да ви одлета на друго место ниту пак да погледнете на страна од PowerPoint презнтациите.

 

3#. Набрзо ќе бидете закачени на детектор за лаги

Познато е дека одредени мускули на вашето лице можат да откријат дали ја зборувате вистината или не. Сега ова може да се открие и со помош на компјутери кои го анализираат движењето на ашите фацијални мускули.

Сега за сега, ова помага при фаќање на крадци. Во Русија вакви камери се поставени во банкоматите, а во Англија на аеродромите. Овие машини покажуваат 82.5 точност.

Секако, ова звучи Утопистички, затоа што…Кој сака крадци и луѓе кои лажат дека има бомба на аеродромот? Ова им одговара на сите кои немаат апсолутно никакви тајни кои сакаат да ги зачуваат за себе од другите, поврзани со нивниот личен живот, политички ставови, сексуалноста, минатото…

 

2#. Состаноците ќе станат „морничави“

Знаете што му треба на еден состанок? Тотална транспарентност. Ако сте млада, сингл дама, најдобро би било кога ќе влезете во клуб, секој да дознае за вас ама апсолутно се. Имајте предвид дека сите „типци“ ќе знаат каде живеете и каде работите. Не дека постојат манијаци на Земјава.

Сега, преку посебна апликација наречена SceneTap, ќе знаете точно колку машки и колку женски има во ноќните барови, нивната висина, тежина, раса, привлечност, боја на очи и коса, стил на облекување, дали имаат брада и дали носат очила. Освен тоа, ќе ги знаете и дали се сингл или не, нивото на нивната интелигенција, едукација и паричните примања на сите присутни.

 

1#. Сите ќе знаат Кој сте и Каде сте, во секое време

Безбедносни камери кои помагаат при спречување на кражбите ма секаде, но што ако некој ги користи за да ви го скенира лицето, па да ве најде каде и да сте и да почне да ве „спамира“ со реклами и пораки веднаш штом излезете низ врата? Секако, за тоа да успее, на софтверот му е потребен пристап до некаква голема датабаза од купувачот и неговите лични преференции. А каде би го нашле тоа…ау да, Фејсбук.

Така, постојат апликации како Facedeals, кои стапуваат во акција во моментот кога некој кој има Фејсбук профил ќе помине пред нивните камери. Софрверот оди низ вашите фотографии додека ве пронајде и открие кои сте, па ја проверува вашата „like“ историја за да процени што ви се допаѓа, и почнува да ви испраќа купони уште пред да сфатите дека сте пронајдени. Исто така, ве „чекира“ автоматски за сите ваши пријатели да знаат каде сте во тој момент. А нели, најмногу што сакаме е нашите шефови да знаат се за нас.

Секако, за ова прво треба да ја симнете апликацијата.

Автор – Александар Рајковиќ

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1