Бизарно: Свештеници вовеле „хотлајн“ за истерување на ѓаволите


 

Свештеници егзорцисти од Милано, имаат полни раце работа, поради постојаното ѕвонење на телефонот, од граѓани кои ги преколнуваат да го истераат ѓаволот од нив.
„Секој ден имам визија дека горам жива. Во тоа лудило кое ме совладува, почнувам да ги давам најблиските. Ве молам да ми помогнете“, викала жена преку телефон.
Помош побарала и една од 12 свештеници-егзорцисти, која Католичката црква во Милано ја одбрала да работи на телефонската линија за истерување на ѓаволите.
Свештеникот кој го примил повикот, започнал со молитвата и жената се смирила. Телефонот дневно ѕвонел и по 120 пати.
„Линијата ја воведовме поради се поголемиот број на луѓе кои по неделната миса се жалеле дека со нив владеат нечисти мисли. Ни открија дека многу полесно им било кога често имале прилика да поразговараат со свештениците, а не само во неделата.

Така се сетивме дека со нив можеме да оствариме контакт преку телефон“, изјавил Ангело Маскерони, главнит егзорцист во Милано кој е на оваа функција уште од 1995 година. Тој додаде дека случаевите од вистинското присуство на ѓаволите се доста ретки.
„Најчесто не бараат родителите поради бунтовничкото однесување на нивните тинејџерски деца, кои одбиваат да одат во школо, стануваат насилни, или се дрогираат. Свештениците ги сослушуваат ги тешат и се молат со нив заедно“, додал Маскерони.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1