Откриена светска мрежа на тајни директори


 

Новинарите на британските печатени и телевизиски медиуми „Гардијан“ и „Би-Би-Си“, како и руската агенција „Риа Новости“, кои се членови на Меѓународниот конзорциум на новинари-истражувачи, со седиште во Вашингтон, успеал да открие невообичаено голема глобална мрежа на директори на фиктивни фирми, кои работеле главно во таканаречен даночен рај.
Истражувачите врз основа на таканаречената група од 28 номинални директори, открија повеќе од 21,500 компании кои имаат клучна улога во скривањето на стотината илјади комерцијални трансакции. Овие „менаџери“ ги продавале своите имиња за нивно користење во официјалните документи на фирмите, користејќи адреси на далечни дестинации низ целиот свет.
Владата на Велика Британија, тврди дека злоупотребата од овој вид е одамна искорнета, но заедничката меѓународна студија откри дека целата оф-шор иднустрија цвета и овозможува избегнување на даноците и затскривање на средствата.
Британскиот закон не ја забранува оваа пракса и понекогаш улогата на номиналниот директор се чини сосема легитимна. Податоците добиени од страна на новниарите, сепак докажуваат дека споменатата група од 28 директори само се преправа дека ја контролираат компанијата, која се затскрива зад нивните имиња.
Самата компанија често анонимно се регистрира на острови на британски Девствени Острови во Карипското Море, како и во Ирњка, Нов Зеланд, Белизе и во Велика Британија.
Услугите на еден британски брачен пар, Сара и Едвард Петр Мирс, кои се преселиле од островот Сарк, еден од Нормандските острови, на островот Невис во Карипското море, користеле 2000 компании со широк спектар на бизнис – од купување на луксузни имоти за богати Руси, па се до организација на сајтови со порнографија и коцкарски игри.

Владата на Британија, од 1999 година објавила дека британската пракса на фиктивни директори била практично „прогласена за незаконска“ откако судијата Блекберн пресудил дека судот не може да толеррира ситуација кога „еден човек станува директор на цела низа на компании, а притоа да се одрекне од секаков вид на одговорност“. Доказите кои новинарите истражувачи ги собрале се покажала дека всушност ваквата судска одлука во пракса никогаш не е спроведена.
Од фиктивните имиња се затскриваат голем број на сопственици на бизнис, вклучувајќи ги и оние кои целосно ги почитувале законите – од руски олигарси, до шпекуланти на британскит пазар на имот.
Сите нив ги обединува само едно нешто – Стремежот да не се истакнуваат во јавност.
Директорот на корпоративните услуги за компанијата „Атлас“ на островот Маврициус, Џеси Хестер, ги уверува потенцијалните клиенти дека Британија тешко може да го улови.
„Даночните власти немаат можност да ловат со ред. Тие сметаат дека шансите им се приближно како оние да добијат на лото“, вели тој и додава дека голем број од неговите директори дури и не знаат како се користат нивните имиња.
Истражувачите откриле дека британските Девствени Острови им осигуруваат на компаниите неверојатно голема тајност. Оваа карипска територија, со која управува Британија продала повеќе од милиони анонимни офшор компании, од 1984 година, од кога се смета за даночен рај.
Клиентите често се луѓе кои поради различни причини, понекогаш и целосно законски, не сакаат да знаат што тие прават со нивните пари.

Некои од нив не ни знаат дека се директори

Како што било најавено од Би-Би-Си, во понеделникот требало да прикажат филм како еден агент кој се занимава со организирање на фиктивни компании му помага на ерен репортер да избене да плати данок. Агентот Џејмс Г. Тарнер, на Њујоршката компанија „Тarner lajf“, кој ги предлага номиналните директори од Белизе, вели дека „тие дури не ни знаат дека се директори, само едноставно ги земаат парите“.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1