Де го има – де се губи – Решена мистеријата на островот што исчезнува (Видео)


Новозеландски истражувач тврди дека ја решил загатката на „фантомскиот остров“ во Јужниот Пацифик која е нацртана на големиот светски атлас, но го нема на означеното место.


Островот бил забележан и на нумеричкиот атлас Google Earth под името Sandy Island во коралното море, на пола пат меѓу Австралија и француската територија Нова Каледонија.
„Time Atlas of the World“ еден од референтните атласи, забележал остров под името Sable Island, а го има и на поморските карти.
Но, екипата на австралиски научници и покрај опсежната потрага не успеала да го најде, кога тргнала во потрага оваа есен.
Шаун Хигинс, истражувач од музејот Окланд, заинтересиран за оваа прикаска, се задлабочил во архивите и открил каде островот за прв пат се споменува.

На островот прв предупредил китоловецот Велоцити – изјавил Хигинс за радиото АBC, додавајќи дека капетанот запишал податок за низа на „големи гребени“ и неколку „песочни острови“.
„Претпоставувам дека им се причинило дека виделе гребен, а можеби и погрешно го обележале местото“, вели тој.

„Имаме точки на картата, запишани во таа доба, а потоа препишани и повторно препишани“, заклучил тој.
Дека ваквите грешки не се исклучени тврдат и експерти за поморски карти од хидрографските служби на австралиската морнарица.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1