За 48 часа изградил десеткатница (Видео)


 

Индискиот претприемач Харпал Синг, во една прилика ветил дека ќе изгради десеткатница за само 48 часа и тоа ветување го исполнил.
„Сакавме на сите да им докажеме дека тоа е можно. Потфатот е остварен за само 48 часа“, изјавил Синг. Зградата е изградена од монтажен материјал, а е употребено 200 тони челик. Изградена е во индустриска зона која се наоѓа на десет километри од градот Чандигарх, во кој Синг има и еден луксузен хотел.

На зградата работеле повеќе од 200 квалификувани работници, инжинери и техничари, а првите три ката се изградени само за три часа. Проектот морале да го одобрат и сеизмолози, бидејќи се работело за подрачје кое е високоризично кога станува збор за потреси.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1