Ако сакаат да земат плата, лекарите од скопските клиники ќе мора да потпишат изјави дека не штрајкуваат, објави телевизијата „24 Вести“.
телевизијата тврди дека до клиниките била доставена наредба од директорите и бланко изјава која мораат да ја потпишат.
Лекарите реагираат дека станува збор за најтешка форма на притисок и обид да се намали бројот на штрајкувачите.
Од Самостојниот синдикат на клинички денеска најавија дека ќе го тужат државниот здравствен инспекторат поради испрашувањето на лекарите кои штрајкуваат.