Бомба фрлена во зградата на неонацистичката „Златна зора“ (Видео)


Моќна експлозија утринава одекна во зградата, во која се канцелариите на крајнодесничарската грчка партија „Златна зора“, пренесе радио Атина.
Канцелариите на партијата се наоѓаат во реонот на Аспропиргос, на автопатот меѓу Атина и Коринт. Експлозијата предизвика сериозни материјални штети. Рачно изработена експлозивна направа непознати лица ја поставиле на влезот од двокатната зграда.
Партијата „Златна зора“ во последните денови е во центарот на вниманието на политичарите, јавноста и интелектуалците во Грција.

Лидерот на грчките социјалисти Евангелос Венизелос повика оваа партија да се стави надвор од законот заради нејзиното ксенофобно и расистичко однесување, а европско движење за 15 декември свика протест заради нападите на приврзениците на оваа неонацистичка формација, чиј рејтинг и покрај острите реакции продолжува да расте.
Во социолошките анкети „Златна зора“ се посочува како трета политичка сила во Грција.

 Mia

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1