Докажал на суд дека станал хомосексуалец и коцкар од лекови


Французинот Дидје Жамбар (52) кој во 2003 година заболел од Паркинсонова болест, по земањето на лековите „рекип“, станал хомосексуалец и коцкар.

Тој ова го докажал пред судот во Нант, поради што британската фармацевска компанија „Glasko Smit Klajn“, која го произведува лекот, треба да му исплати оштета од 198,000 евра.

Жамбар некогаш бил почитуван менаџер на банка во Нант, грижлив сопруг и татко на две деца, но откако во 2003 година почнал да го пие лекот „рекип“ поради Паркинсовата болест, станал хомосексуален зависник од секс и коцкар. Успеал да прокоцка околу 82,000 евра, воглавно на интернет кладење, а поради потрагата на геј сексуални партнери, еднаш бил и силуван. Од тогаш имал осум обиди за самоубиство.

Жамбар до парите за коцкање доаѓал така што ги продавал играчките на своите деца и парите ги позајмувал од своите колеги на работа и никогаш не им ги враќал. На интернет имал и оглас во кој нудел сексуални услуги за малку пари.
Кога во 2005 година на интернет прочитал дека „рекип“ е поврзан со зависност, престанал да го пие и неговото однесување се вратило во нормала. Од тогаш траела и неговата борба против фармацевската компанија која го произведувала овој лек.
„Парите кои ги добив никогаш нема да ми го надокнадат ужасот низ кој поминав“, изјавил Жамбар.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1