Си ја побарала платата – газдарицата и се заканила дека ќе ја убие ако бара пари


 

Голем број на луѓе работат на црно, поради што имаат проблем и со примањето на платите. Големата невработеност, налага да работниците се приморани да ги трпат сите притисоци на работодавачите, а во некои случаи дури им се закануваат и по животот.
Ваков пример се случил во една од продавниците за луксузна роба, фирмата „Outfit“ во Србија, каде што газдарицата на вработената Ивана Врачаловиќ дури и се заканувала по живот.

Ивана откако два месеци не земала плата, решила да го напушти местото. Причина за отказот, покрај неисплаќањето на платата, бил и ненормалниот притисок кој го трпела од нејзината шефица, која ја обвинувала за немањето муштерии.

Од инспекциските служби велат дека работниците правдата мора да ја побараат на суд, за да можат да докажат дека работат на црно, инспекторот мора да го затекне на работното место. Тогаш инспекторот е должен против работодавачот да поднесе барање за покревање прекршочна постапка.

Младата девојка револтирана својата приказна со име презиме и свое и на фирмата им ја кажала на медиумите.

,, ненормално е да работиш, не ти плаќаат се прават наудрени а ако си побараш тогаш ти си дрска, невоспитана, немаш почит, веднаш си оквалификувана како неработник, па слушат реченици од типот кај ништо не работите па и плата барате неблагодарници и слично. Но откако ниту тие навреди не ме допреа и понатаму си ги барав парите, оваа жена се дрзна да ми се закани дека ќе ме нема, ќе ме убие ако уште еднаш дрско си ја барам платата. Замислете дрско било што си ја барав платата за 2 месеци работа??, рекла младата Ивана.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1