Драстично намалена бруцелозата во земјава


Драстично намалување на бруцелозата во периодот од 2006 година. Агенцијата за храна и ветеринарство годинава евидентира само 112 грла добиток болни од бруцелоза и вкупно 57 лица. Само за споредба во 2006 година оваа бројка изнесувала 19 илјади овци и кози и 900 луѓе.

Според директорот Рунтевски, клучно за превенцијата и искоренувањето на болеста е вакцинацијата на добитокот, возрасните грла и подмладокот, што масовно почна од 2008 година, но и идентификацијата на животните која овозможи следење на нивното движење.

– Во следниот период сметаме дека ќе продолжи опаѓањето на бројката заболени и дека целосно ќе се искорени бруцелозата кај животните и луѓето, вели Рунтевски.

Најдобрите резултати на борбата против ова заболување се добија откако Агенцијата ја смени стратегијата што се применуваше до 2006 година и која, како што напомена Рунтевски, не даваше речиси никакви резултати.

Со намалувањето на заболени грла драстично се зголемила и заштедата. Ако порано за компензација на одземените животни се трошеа преку еден милион евра годишно, сега оваа сума е сведена на минимални 10.000 евра, истакна Рунтевски.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1