Радар на вашиот телефон (Видео/Фото)


Дали ги губите клучевите, далечинското, миленичињата или децата? Не, не е ова реклама за топ-шоп, ова е воведот за новиот блутут уред.
„Залепи и најди“ е новата лепенка-блутут уред кој ќе ви помогне да најдете скоро се. Уредот, кој е со големина на монета од 1 денар, од едната страна има самолеплива лента, со помош на која се прикачува на нештото што често неможете да го најдете.

„Залепи и најди“ се синхронизира со секој Андроид или Ајфон, а по неговото прицврстување за предметот, со помош на апликација на вашиот телефон може да го лоцирате.
Дометот на уредот е 100 стапки( околу 30 метри), а апликацијата го претвара вашиот телефон во еден вид радар кој трага по ниско-енергетскиот сигнал што го емитира уредот.

За жал, технологија сеуште не дозволува да се трага како со ГПС, па затоа вие ќе мора да се движите со цел да проверите дали се доближувате или оддалечувате од предметот.
Иако овој уред е првично наменет за домашни услови, сепак спасувачките екипи тестираат како би се однесувал уредот за природни катастрофи. Да разјасниме, тие сакаат да го користат за пронаоѓање на жртви, жаришта, радиација и слично.


Сепак, не се залетувајте веднаш да го порачате уредот, тој е сеуште во фаза на тестирање пред да се пушти за употреба за широките маси. Производителот ССИ Америка, собира донации за тестирање и развивање на уредот, а крајната цел од 72000 долари предвидуваат да ја достигнат кон крајот на март следната година.

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1