Почна трката за најукрасен објект – награда 10.000 денари


Парична награда од 10.000 денари и платена сметка за електрична енергија за декември ќе добијат најуспешните граѓани во традиционалната предновогодишна манифестација „Новогодишни бои на Скопје“.

Активностите ги организира Градот со цел да ги поттикне граѓаните да ги украсат своите домови и работни простории.

И оваа година ќе бидат избрани најубаво украсен двор од куќа, тераса од стан, угостителски објект и двор од средно училиште. Паричната награда ја доделува Град Скопје, а „ЕВН Македонија“ ќе ги ослободи победниците од обврската да ја платат декемвриската сметка, информира Дневник.

Пријавувањето е до 23 декември на телефонскиот број 3297-265. Фотографии од украсените објекти заедно со податоците за сопствениците, телефонски број и адреса, може да се испратат на булевар Илинден број 82, со назнака за манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“ или на интернет-адресата [email protected].

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1