Венеса Робинсон била обвинета за напад на нејзиното момче Џејмс Гаолон кој се обидел да си замине од нејзиниот стан со последното пиво таа почнала да му се заканува, а потоа и со нож му нанела рани по телото.Алкохол-ориентираната расправија се случила минатиот четврток. Галон откако го земал последното пиво кое што го купил, се соочил со удари, бил клоцан, тепан и истуркан на подот.
Веднаш потоа Ванеса земала нож и му нанела неколку расекотинки во пределот на вратот, рацете, стомакот и грбот. Џејмс морал да отиде во најблиската болница каде што морало да му бидат зашиени неколку конци, за да се санираат повредите. За среќа ниту една од раните не биле опасни по живот.
Тој ја пријавил девојката, полицијата ја сослушала и против неа е поднесена пријава за насилство и нанесување телесни повреди. Ќе и се суди.