Пријавил во полиција дека проститутката му е должна 10 минути


Скот Пипхер од Њу Хемпшир е уапсен откако се пожалил на полицијата дека проститутката му останала должна уште десет минути. 

Мажот ја повикал полицијата и рекол дека ескорт дамата која ја платил за секс му го скратила терминот за цели десет минути.

Неговиот повик ја потикнала полицијата на опсежна истрага во врска со организираната проституција.

Триесетгодишниот Пипхер е уапсен неделава, заедно со уште две жени, за кои се смета дека се проститутки, а со кои тој контактирал по пат на интернет страница. Сослушувањето ќе се одржи наредната недела.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1