Медведев: Не сакам да ви кажам колку вонземјани има меѓу нас да не предизвикам паника! (Видео)


Рускиот премиер Дмитриј Медведев, незнаејќи дека камерите се вклучени, после телевизиска емисија изјавил дека постојат вонземјанци кои шетаат по земјата.

Видеото не било емитувано на телевизија но сепак стигнало до интернет каде стана вистински хит, јавува Ројтерс.

После емисијата, водителот прашал дали знае како поранешен претседател на Русија, нешто за вонземјанците.

– Ќе ви кажам прв и последен пат. Со ковчежето во кое се наоѓаат шифрите за нуклеарното оружје, претседателот на земјата добива и посебен таен фолдер. Овој фолдер содржи информации за вонземјанци кои ја посетиле нашата планета. Со тоа заедно ви даваати извештај за потполно тајна специјална служба која врши контрола над вонземјанците на нашата планета. Овие два документи се добиваат заедно со шифрите за нуклеарките. Кога завршува претседателскиот мандат, овие документи му се предаваат на следниот претседател. Не сакам да ви кажам колку од нив шетаат меѓу нас бидејќи мислам дека тоа би предизвикало паника, рекол Медведев.

 

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1