На надморска височина од 3000 метри над панорама од 500 метри, во Швајцарија денес беше отворен „Titlis Cliff Walk“, најголемиот висечки мост во Европа.
Се наоѓа во алпските масиви Титлис во близина на местото Енгелберг, во централниот дел на Швајцарија, а е наменет за планинари од целиот свет.
За негова изградба потрошени се 1,3 милиони швајцарски франки (1,1 милиони евра), а изграден е по повод 100 годишнината од жичарата Енгелберг Гершниалп. Целта на изградбата на новиот мост е да се привлечат туристи во регионот.