Британија во шок и тага – излегоа првите ФОТО од починатата болничарка (Видео)



46-годишната Jacintha Saldanha медицинската сестра која беше пронајдена мртва, е сестрата која прва го примила повикот од австралиските водители кои се шегуваа дека се кралицата и принцот Чарлс, а не онаа која им ги даде информациите на новинарите.

Таа прва наседна на шегата и го преспои повикот до собата каде била хоспитализирана војвотката Кејт. Водителите потоа од таа сестра ги добиле сите детали за бременоста на Кејт.

Медицинската сестра зад себе остави две деца, син и ќерка.

Ожалостениот сопруг, 49 годишниот Benedict Barboza, работи како болнички сметководител на својот фејсбук профил напишал –

,, шокиран сум, неможам ништо да кажам, голема тага. пријатели ве известувам дека мојата сакана жена ќе почива во Ширва, Индија,,

Во шок и нејзиното семејство во Индија – еве го видеото

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1