Кафе од слоновски измет чини 1.100 долари


Стадо слонови на Тајланд учествувало во подготовката на едно од најскапите кафиња на светот. Новиот „пијалок“ со кој подобро се будиме се прави од посебни зрна кафе кои слоновите ги јадат, а само еден ден подоцна истите се вадат од нивниот измет.

Килограм кафе од слоновски измет чини 1.100 долари и со тоа се вбројува во најскапите кафиња во светот.

За сега, само богатите имаат шанса и привилегија да го пробаат ова кафе од измет кое се нарекува „Кафе од Црните слонови“.

Истото почна да се служи од минатиот месец, но само во неколку луксузни хотели и тоа на Тајланд, Малдиви и Абу Даби. Една шолја од ова кафе чини само 50 долари.

– Кога слонот јаде кафе неговиот стомак го разложува протеинот кој се наоѓа во кафето, што е клучен фактор за горчливоста, рекол Блејк Динки, кој потрошил 300 илјади долари за да развие сопствено производство од ова кафе.

Исто така тој додал дека кафето од изметот има попрефинет вкус од вообичаеното.

– Крајниот производ е шолја кафе со префинет вкус без горчина која ја има обичното кафе. Мојата теорија зе заснова на тоа дека природната ферментација се одвива во стомакот на слонот. Таа ферментација произведува вкус кој нема да имате можност да го почувствувате кај другите видови кафиња, рекол изумителот на новиот напиток.

 

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1