Борис Тадиќ пак се разведува


Поранешниот српски претседател откако ја изгуби битката на претседателските избори во Србија, па биеше битка во партијата, сега доживува и лична загуба. Српски Курир објавува дека се разведува.

Јавна тајна е дека тој и неговата сопруга Татјана веќе извесно време не се во добри односи и за тоа знае и зборува цел Белград, пишуваат медиумите. Татјана го напуштила поранешниот српски претседател и со нивните ќерки заминала кај своите родители и планира да поднесе официјално барање за развод.

Борис Тадиќ и Татјана се запознале на свадба. Таа е градежен инжинер. Пред да стане сопруга на поранешниот српски претстедател имала и своја сопствена фирма но низ годините подоцна се посветила на воспитување на своите деца со Борис Тадиќ. По потекло е од Книн и моминското презиме и е Родиќ.

Ова е втор брак за Тадиќ. Се разведе од неговата поранешна жена Веселинка Заставниковиќ, во 1997 година, а таа по разводот се замонаши и го доби монашкото име Ирина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1