Црвката Св. Димитрија во Скопје – Некогаш и сега


Името на црквата Свети Димитрија се спомнува уште од 13-от и тоа може со сигурност да се потврди. Црквата поминала реновирања, поправки и доправки кои биле предизвикани од природни катастрофи, воени и политички збиднувања низ вековите но сепак опстојала и ден денешен е посетена од голем број на верници.

Црквата „Свети Димитрија“ е поранешната катедрална црква на Скопската Епархија која што е посветена на великомаченикот Димитрија.

Се наоѓа на десната страна од реката Вардар под тврдината Кале во Скопје во прочуеното Еврејско маало и може да се каже дека со векови успешно им одолева на историските настани и катастрофалните земјотреси кои што се случуваат на територијата на градот Скопје. На местото каде што денес се наоѓа оваа црква имало постар храм кој што датира од 16-от а од 1727 година црквата се споменува како катедрална.

Оваа црква е многу стара, во 1960 година била напуштена а во периодот од 1886 до 1894 година била обновена и проширена. Се знае дека црквата била изградена во форма на кораб а за време на поправките кои биле извршени биле оштетени стариот живопис и сите записи кои биле поважни за црквата. За црквата се знае дека постоела уште во средниот век а во неа биле сместени Скопската Митрополија и Пеќката Патријаршија. Се до 1878 година во дворот на црквата постоеле гробишта и како реони на оваа црква се спомнуваат Дебар маало, Железничката колонија, Тафталиџе и градскиот реон. „Свети Димитрија“ е една од ретките цркви која го избегнала палежот на Пиколомини на 25-ти Октомври 1689 година.

Црквата е тробродна со апсида и купола и истата неколку пати била реновирана: во 1825 година, во 1864 година, во 1886 година, во 1894 година и во1896 година. При нејзината последна реновација која била извршена од страна на познатиот велешки мајстор Даме, син на Андреја Дамјанов, црквата го добива нејзиниот денешен изглед. Тогаш добива и нов живопис, иконопис на дрвениот иконостас и царските двери запишано е дека се изработени од раката на познатиот зограф, Димитар Папрадишки а додека во 1907/1908 година е изградена камбанаријата на црквата.

По земјотресот во Скопје зографосувањето го извршил зографот Крсте Колоски во периодот од 1963 до 1973 година. Во дворот на црквата „Свети Димитрија“ се наоѓа гробот на првиот поглавар на обновената автокефална Македонска Православна Црква, Архиепископот Охридски и Македонски господин господин Доситеј а истотака пред надворешниот источен ѕид и гробот на Архиепископот Охридски и Македонски господин господин Ангелариј. Црквата е ѕидана со камен и малтер во внатрешноста на црквата има галерија, певница и престол за владиците.

Извор – Скопје инфо

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1