3 повредени, еден полицаец – кај наплатната Желино


Три лица од кои еден полицаец, се повредени, кога на наплатната рампа Желино дошло до судир на три автомобили.

Вчера околу 20,30 часот, на рампата бил застанат „форд ескорд“ со тетовски регистрации. На него налетало „рено лагуна“, управувано од 53-годишниот Ш.С. од Гостивар, во кое бил и неговиот син. Неприлагодената брзина и лизгавиот пат биле причина за сударот.

Кога пристигнала полициската екипа да направи увид дошло до повторен судар. Исто така поради неприлагодената брзина, „шевролет“ со скопски таблички, управувано од Е.Т. (30), не успеало навреме да запре, удрило во возилото на гостиварецот.

Од ударот повредени се Ш.С., неговиот син и еден полицаец. Тројцата биле пренесени во тетовската болница, каде по укажаната помош, полицаецот е задржан на натамошно лекување, а таткото и синот пуштени дома. Во овој вистински „карамбол“, оштетена е и една кабина на наплатната рампа.

ФОТО: Зоран Андонов / Утрински весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1