Брендон Переира и Емилија Д’Силва, пар од Индија има неверојатна приказна за своето љубовно патешествие и многу симболични датуми во него.
Брендон неколку пати претходно ја просел Емилија но таа го одбивала.
На 10 годишнината од нивната врска која се паѓала на 10.10.2010 година, тој одлучил повторно да ја побара нејзината рака. Овојпат рекла ,,ДА,,
Веридба не направиле веднаш зошто 28 годишното момче добило работа во друг град па додека се средиле минала цела година, а и не биле при пари.
Но некако згодно се наместило веридбата да ја направат на 11.11.2011 година. Кога веќе им тргнало со симболичните дати одлучиле да одат докрај.
Свадбата ја закажале за утре 12.12.2012 година. Точно во 12 часот напладне во Мумбај, свештеникот ќе ги прогласи за маж и жена.