Youtube направи најсовремено студио, ќе го дава на млади креативци за џабе (Видео/Фото)


Компанијата Youtube го откупила огромниот хангат во Лос Анџелес кој му припаѓаше на милијардерот Хауард Хјуз и го претвори во најсовремен центар за продукција и снимање, а ќе го дава на користење на млади сниматели.

Се надеваат дека така ќе ги инспирираат младите креативци да снимаат квалитетни содржини кои потоа ќе се закачуваат на оваој популарен сајт
12.500 квадратни метри се претворени во комплетен видео центар а само нејговото одржување чини 25 милиони долари.

Се надевам дека во ова студио во иднина ќе се снимаат и живи емисии кои ќе се пренесуваат директно на Youtube . Можеби некој иден Хичког или Спилберг ќе биде откриен токму на ова место,, изјавила Фелиша Деј една од првите кои имала прилика да го користи овој комплекс.
Новиот центар има се – студио, зелена соба, соба за постпродукција односно ако сакате да снимате во ова студио компанијата ви дава на располагање 70 насто од она што ви е потребно, а 30 насто ќе мора сами да се снабдат, изјавил Лијам Колинс, раководител на новиот центар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1